Актерот Кевин Харт ќе ги води Оскарите

45
фото:EPA Clemens Bilan

Американскиот комичар Кевин Харт, познат по филмот „Џуманџи: Добредојдовте во џунглата“, ќе ја води церемонијата за доделување на наградите Оскар за 2019 година, соопшти актерот на Инстаграм.

Церемонијата ќе се емитува на Еј-Би-Си на 24 февруари.

Исклучително се радувам да кажам дека конечно дојде и мојот ред да го водам доделувањето на Оскарите. Да се приклучам кон легендарниот список на водители на таа сцена е нешто неверојатно, напиша Харт неколку часа откако списанието „Холивуд репортер“ објави статија во која наведе дека водител на Оскарите е најмалку посакуваната работа во Холивуд.

Американската академија за филм, која ги доделува наградите, ја потврди на Твитер одлуката за Харт и истакна дека многу се радува на реакцијата на 39-годишниот актер.

Вообичаено, името на водителот на церемонијата го објавува самата Академија.