Ако сте уморни, овие пет нешта брзо ќе ви ја вратат енергијата

Овие пет начини ќе ви помогнат да ја зголемите енергијата, а треба да почнете од навиките за вежбање и внесот на кофеин во телото.

275

Доколку секојдневно чувствувате постојан умор, дури и кога сте наспани, време е за промени во животниот стил.

Овие пет начини ќе ви помогнат да ја зголемите енергијата, а треба да почнете од навиките за вежбање и внесот на кофеин во телото.

Вежбајте секојдневно

Три пати неделно тренинг по избор и секојдневно пешачење е најмалку што можете да направите за себе за да ја обновите енергијата. Доволно е овие активности да ги применувате 30-40 минути дневно.

Внес на калории

Дневниот внес на калории распоредете го така што во најактивниот дел од денот ќе внесувате повеќе калории, додека во остатокот помалку.

Внес на кофеин

Кофеинот го постигнува врвот на своето дејство 45-60 минути по внесувањето, па така темпирајте го и пиењето кафе или чај со кофеин.

Одмор

Ноќното спиење е клучно за да се усогласат работата на мозокот и телото. Не дозволувајте енергетски дефицит во текот на денот, затоа што тоа значајно го намалува квалитетот на сонот.

Планирање однапред

Направете груб план на активности една недела однапред и обидете се да се држите до него. Она што ќе ви излезе непланирано само вметнете го во направениот план.