7.000 британски семејства се уште користат црно-бел телевизор

167

Илјадници луѓе во Британија се уште гледаат телевизија на црно-бели екрани, покажуваат најновите статистики на островот.

Педесет и една година откако телевизиските програми се во боја, податоците говорат дека во Британија повеќе од 7.161 семејство сѐ уште имаат црно-бел телевизор. Најмногу црно-бели телевизори има во домаќинствата во Лондон (1.768), а потоа следуваат Западен Мидленд и Манчестер.

На почетокот на овој век имало околу 212.000 Британци сопственици на црно-бели телевизори. Инаку, тие имаат три пати помала претплата од редовната, па плаќаат само 50,5 фунти. Црно-белите телевизори одамна ги нема во редовна продажба, но можат да се купат на старо или на интернет.