23 милиони „лајкови“: Јајце сака да го урне рекордот на Инстаграм на Кајли Џенер! ФОТО

Некој сега поставил на Инстаграм фотографија на јајце со само една единствена цел, а тоа е за да се урне бројот на „лајкови“ на една фотографија, а која го држи токму најбогатата членка на кланот Кардашијан-Џенер. 

Инстаграм/Принтскрин

Ова е новата најлајкувана фотографија некогаш на Инстаграм – да, тоа е фотографија од јајце.

На некои луѓе навистина е им преку глава од старлетата Кајли Џенер! Всушност, се чини дека ги има во милионски број, бидејќи некој сега поставил на Инстаграм фотографија на јајце со само една единствена цел, а тоа е за да се урне бројот на „лајкови“ на една фотографија, а која го држи токму најбогатата членка на кланот Кардашијан-Џенер.

Ако некако сте ја пропуштиле оваа приказна, следи кратко објаснување.
Неодамна на Инстаграм се појави профил наречен „world_record_egg“ (Светски_рекорд_јајце) кој многу брзо и јасно даде до знаење што сака да постигне. На целиот профил се наоѓа само една објава – фотографија од јајце, а целта била да го урне рекордот на „најлајкуваната“ објава на Инстаграм, односно фотографијата на старлетата Кајли Џенер со 18 милиони „лајкови“.
За само неколку дена, оваа фотографија собрала неверојатни 23 милиони лајкови, а интересно е тоа што вчера, за само три часа, лајковите на објавата „скокнале’ од 14 до 18 милиони.

На ваквата приказна реагирала и самата Кајли.

„Кајли Џенер го држи рекордот на најмногу „лајкови“ на објава на Инстаграм, со 18
милиони. Дали можеме да го урнеме со фотографија од јајце?“, стои во описот на профилот кој во моментот го следат 2,6 милиони луѓе.
До денес, најлајкнувана фотографија беше фотографијата на која се гледа раката на Кајли и раката на нејзината тогаш родена ќеркичка Сторми.

Фото: Инстаграм/Принтскрин