Мафини од тиквички

Состојки потребни за подготовка на 12 мафини:

2 тиквички
малку сол
2 јајца
1 прашок за печиво
200 милилитри јогурт
100 милилитри масло за јадење
брашно по потреба

Подготовка:

Пред да почнете со подготовката на мафините, вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.
Тиквичките убаво измијте ги, излупете ги, а потоа изрендајте ги на најситната страна од рендето.

Убаво посолете ги и оставете ги неколку минути да отстојат за да ја испуштат водата што се наоѓа во нивниот состав. Потоа, вака подготвените тиквички, убаво исцедете ги и префрлете ги во друг сад.

Во садот со тиквичките додајте ги јајцата, прашокот за печиво, маслото и јогуртот и сето тоа убаво измешајте го. На крај додајте брашно по потреба.

Добиената смеса, ставете ја во сад са подготовка на мафини. Печете околу 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот