Мафијашка пресметка во Париз: Татко и син од Србија убиле дилер во борба за превласт на нарко-пазарот

Србите Ѓорѓе (21) и Звонко (45), татко и син, уапсени се под сомение дека на 6. јули во Париз го убиле Усман С. (20) за време на криминална пресметка на две банди на нарко-дилери, објави „Блиц“.

Постојат сомненија дека на убиството и претходела расправија на таткото и синот со група на повеќе лица, а Србите по убиството побегнале од Франција.

– На кобната вечер, Србите дошле на една улица во Париз, а групата на млади лица веќе стоела таму. Настанала расправија и метеж, а брзо потоа се слушнале и истрели. Усман С. бил погоден во глава. По нападот, напаѓачите влегле во автомобил и комбе и избегале од местото на настанот – пренесуваат француските медиуми.

Прочитајте и...  Велика Британија е втора земја во светот со повеќе од 40 илјади смртни случаи од Ковид-19

Пријателите ранетото момче го ставиле во автомобил и го пренеле во болница, но тој по четири дена починал. Исто така, во оваа пресметка е повредено уште едно младо лице, пријател на Усман, со што неговата здравствена состојба засега е стабилна.

Набрзо по настанот, надлежните дошле до информации дека станува збор за пресметка.

– Постојат сомненија дека таткото и синот од Србија припаѓале на една банда која која препродава наркотици, додека убиеното момче припаѓа на друга. Наводно, вечерта тие се сретнале за да расчистат сметки околу превласт на територија – пишуваат локалните медиуми.

Според „Блиц“, кој се повикува на француски медиуми, Звонко и синот Ѓорѓе се обиделе некако да стигнат до Србија, но не успеале.

Прочитајте и...  Филипче: Има 11 случаи на заразени здравствени работници во болницата „8 Септември“ (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

Четворица обвинети за непочитување на полицискиот час во Битола

Слободен печат

Невладините организации ќе добијат од Владата 30 милиони денари

Слободен печат

„Бентли“ планира да отпушти илјада работници

Слободен печат

Влада: Денеска поднесени 114 кривични пријави за ширење на заразна болест

Слободен печат

Се огласи Грета за хаосот во Америка: Младата активистка го осуди расизмот!

Слободен печат

Шпанија ги отвара границите за туристи на 1 јули

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Германски неонацисти тренираат во воен камп во Русија- никој не може да им го забрани тоа

Слободен печат

Путин: Норникел ќе ја надомести целата штета предизвикана од излевањето на нафтата

Слободен печат

Безбедностата камера „улови“ воспитувачка која усмрти бебе кое плаче (ВИДЕО)

Слободен печат

Америка закрепнува: Вработеноста во САД во мај порасна за 2,5 милиони

Слободен печат

Бројот на потврдени случаи на инфекцијата со коронавирусот расте побрзо од кога било

Слободен печат

Нема заболени од Ковид-19 меѓу вработените во тетовските градинки

Слободен печат