МАФИЈАШКА ПРЕСМЕТКА ВО АЛБАНИЈА: Mаж убиен пред очите на децата (ВИДЕО)

Принтскрин

Убиство како во филмови се случило денеска во Решен, Албанија. Армандо Ѓини, 48 годишник бил убиен од непознати лица во возило пред очите на неговите деца.

Балканвеб повикувајќи се на извори од полицијата, јавува дека жртвата е осомничен како еден од припадниците на групата на Мет Канани, познат како еден од бароните на дрога
Полицијата ги бара сторителите на убиството.

Мафијашкото убиството во Решен било планирано во детали јавува пак Топ Чанел. Убијците го следеле Ѓини чекор по чекор. Во неговото возило тој бил заедно со семејството.

Во еден миг, Ѓини застанал со возилото при што се симнала неговата сопруга, а криминалците тогаш го екзекутирале. Иако во возилото биле неговите две деца, сепак атентаторите пукале кон Ѓини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот