Мафијаш од Калабрија фатен по 32 години, правел пици во Франција

Фото: Италијанска полиција

Италијанскиот мафијаш Едуардо Греко, за кој се верува дека е член на моќната калабриска криминална организација „Ндрангета“, денеска е уапсен во Сент Етјен, Франција, по 16 години во бегство, јавува „Би-би-си“. Тој е фатен во францускиот град, каде најмалку три години работел како пица-мајстор.

63-годишниот мафијаш е осуден на доживотен затвор во родната земја за убиство на двајца браќа и уште еден обид за убиство, а француската полиција го уапси благодарение на информациите добиени од италијанските карабинери. Тој е уапсен околу 1 часот и 40 минути утринава на улица во Сент Етјен.

Греко попладнево се појавил пред обвинителот во Лион кој официјално го известил за налогот за апсење издаден од италијанските власти. Тој рече дека одбил да биде предаден на италијанските правосудни власти, по што е ставен во притвор.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси на Твитер го изрази своето задоволство што апсењата на опасните бегалци продолжуваат благодарение на заедничката работа и меѓународната соработка на полициските сили.

Според сведоштвата и документите што ги видел францускиот печат, тој живеел под името Паоло Димитрио и работел во неколку италијански ресторани во Сент Етјен. Карабинерите соопштија дека обвинителството во Катанѕаро, Калабрија, издало европска потерница против него во 2014 година, откако бил осуден на доживотен затвор за убиства извршени во јануари 1991 година и обид за убиство во јули 1991 година.

Неговото апсење дојде една недела по големата полициска операција против мафијата во Калабрија, во која учествуваа 300 припадници на безбедносните сили, кога конфискувале стока вредна над 250 милиони евра. На стотици членови на „Ндрангета“ моментално им се суди.

Апсењето на Денаро е силен удар, но мафијата издржала и поголеми потреси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот