Маестро Џијан Емин и светскиот диџеј Дерик Меј настапуваат во престижната „Ројал Фестивал Хол“ во Лондон

По успешните концерти со Филхармонијата – „Ну погоди“ и „Љубов и револуција“, коишто се случија под името „Филхармонија на отворено“ во Градскиот парк, потоа авторскиот проект „Нурни длабоко“ кој се одржа во Охрид во Античкиот театар, како и мултимедијалниот проект „Гласот на езерото“, следната уметничка дестинација на маестро Џијан Емин е Лондон.

 

На 29 август во една од најпрестижните концертни сали во светот – „Ројал Фестивал Хол“, заедно со оркестарот „Сити оф Лондон Синфонија“, Џијан Емин ќе настапи како диригент заедно со реномираниот диџеј Дерик Меј, чија успешна соработка трае годиниве наназад на меѓународните сцени.

 

На концертот во Лондон ќе бидат изведени композиции на Меј и на Емин, за чија оркестрација се погрижи токму македонскиот истакнат уметник. Се работи за нов концепт во кој се вклучени и неколку џез-музичари, со цел да се добие нов звучен израз, покрај електро-акустичниот пристап кон симфонискиот оркестар.

 

Концертот ќе претставува нова колаборација со агенцијата „Полиартс“ од Лондон, која е дел од една од водечките светски агенции за класична музика – „Харисон Парот“.

За потсетување, Џијан Емин и пионерот на детротската техно-сцена Дерик Меј, заедно со Филхармонијата на Македонија првпат настапија во 2014 година во Охрид, а изминативе години овој проект беше претставен на фестивали и концертни сали низ Европа, Америка и Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот