Мадуро: Во Боливија се спроведува обид за државен преврат

Николас Мадуро/ Фото: Фејсбук

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро денеска изјави дека во Боливија се спроведува обид за државен преврат, имајќи ги предвид протестите во земјата по оспорените претседателски избори и повика на солидарност со боливискиот претседател Ево Моралес, пренесоа агенциите.

-Ја изразуваме нашата солидарност со боливискиот народ и посебно со нашиот брат, претседателот Ево Моралес- изјави Мадуро на самитот на Движењето на неврзаните во азербејџанската престолнина Баку.

Според Мадуро, Моралес „се наоѓа пред кампања за дестабилизирање на земјата, пред обид за државен преврат, воден од странски сили, кои се обидуваат боливискиот народ и избирачите да ги лишат од нивните демократски права”.

-Треба да го признаеме легитимитетот на победата на Ево Моралес во Боливија- изјави тој.

За Моралес генералниот штрајк што е прогласен во земјата е „државен преврат испланиран од десницата”, по што тој ги повика своите приврзаници да се мобилизират.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот