Мадуро: Уапсен шпион на ЦИА во северозападна Венецуела

Фото ЕПА

Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, изјави дека уште еден американски шпион е уапсен во земјата, овој пат во северозападната држава Фалсон.

Мадуро на државната телевизија изјави дека осомничениот бил вооружен, носел големо количество пари и „служел во маринците во база на ЦИА во Ирак”, јави Би-Би-Си.

Минатиот месец судот во Венецуела осуди двајца поранешни припадници на американската војска на по 20 години затвор, за како што се тврдеше „неуспешниот обид за преврат во земјата”.

САД се уште не ги коментираа последните тврдења на претседателот Мадуро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот