Мадуро: Трамп има одвратни советници за Венецуела

Тој посочи дека е подготвен за директен дијалог со американскиот претседател Трамп.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, речиси по една година даде интервју за „Вашингтон пост” во кое го објаснува неуспехот на американската политиката кон Каракас.

– Сметам дека Мајк Помпео доживеа неуспех во Венецуела и оти тој е одговорен за неуспехот на политиката на Доналд Трамп кон нашата земја. Мислам дека Трамп има одвратни советници за Венецуела. Џон Болтон, Мајк Помпео и Елиот Абрамс го доведоа до погрешна претстава, истакна Мадуро за „Вашингтон пост”.

Тој посочи дека е подготвен за директен дијалог со американскиот претседател Трамп.

– Ако помеѓу државите постои почитување, без оглед колку се големи САД и ако постои дијалог, размена на вистински информации, бидете убедени дека ќе можеме да создадеме нов вид на односи, посочи Мадуро.

Прочитајте и...  Без струја утре делови од Центар и Кисела Вода

Тој во интервјуто за „Вашингтон пост” изрази подготвеност да разговара и со лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, но потенцира дека нема да го исполни неговото барање да се повлече од претседателската функција.

Во Венецуела во јануари минатата година почнаа протести против Мадуро набрзо откако положи заклетва, со обвинувања дека победил на лажирани избори. Лидерот на опозицијата Гуаидо, кој беше претседател на Парламентот, се прогласи за привремен претседател.

Дел од европските држави и САД го признаа Гуаидо за претседател на Венецуела, додека Мадуро го нарече „американска марионета”.

Русија, Кина, Куба, Боливија, Турција и други држави го поддржаа Мадуро како единствен легитимен претседател на Венецуела.

Гуаидо подоцна призна дека државниот удар беше неуспешен и на 5 јануари годинава беше сменет од функцијата претседател на Националното собрание на Венецуела, а на негово место дојде провладиниот пратеник Луис Пара.

Прочитајте и...  Иранскиот филм „Јалда“ ја крена публиката на нозе во Берлин

Голем број западни држави не ја признаа таквата одлука.

Прочитај повеќе

Хонгконг на околу седум милиони жители ќе им подели по 1.280 долари во готово

Слободен печат

Почнаа карневалските празнувања во Струмица

Слободен печат

АКЦИЈА ВО УКРАИНА: Властите уништуваат 37.000 шишиња нелегално произведена вотка

Слободен печат

Руската полиција заплени бетмобил (ВИДЕО)

Слободен печат

Асанж се пожали дека не може да ја следи постапката за екстрадиција: Во ова учествувам како да гледам Вимблдон

Слободен печат

Трамп најави пресконференција за коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Додик: Посетата на Ѓукановиќ на БиХ е штетна по националниот интерес на Република Српска

Слободен печат

Тавила: Северна Македонија е подготвена за рано откривање на случаите со коронавирусот

МИА Агенција

Јенс Шпан: Германија е на почетокот од епидемијата на новиот коронавирус

Слободен печат

Листата на чекање сѐ подолга: Речиси осум илјади луѓе сакаат да патуваат во вселената

Слободен печат

Струмичкиот карневал нема да се откаже, ќе се следат препораките од надлежните

Слободен печат

Косово: Ниту едно лице не е заразено со коронавирус

Слободен печат