Мадуро смета дека САД се одговорни за случувањата во Боливија

Николас Мадуро/ Фото: Фејсбук

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги обвини САД дека управуваа со државниот удар во Боливија.

-Го осудуваме пучот против Ево Моралес, што го коориднираше и финансираше Белата куќа, изјави Мадуро за државната телевизија, пренесува Тасс.

Тој додаде и дека САД стојат зад сите државни удари во регионот во последниот век .

-Дали сте подготвени да се борите? Ние сме подготвени да се бориме за мирот, татковината и суверенитетот – рече Мадуро.

Боливискиот претседател пред два дена поднесе оставка од функцијата под притисок на протестите кои во земјата се организираа од крајот на октомври. Моралес денеска замина за Мексико, каде доби азил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот