Мадуро: Коронавирусот е направен како биолошко оружје против Кина

Николас Мадуро/ Фото: Фејсбук

Вирусот кон крајот на 2019 година се појави во кинескиот град Вухан, економски и индустриски центар на провинцијата Хубеи, во кој живеат околу 11 милиони жители.

Венецуелскиот претседател Никоас Мадуро верува дека коронавирусот е направен како биолошко оружје против Кина, соопшти денеска венецуелското Министерство за надворешни работи.

-Глобалната анализа покажува дека коорнавирусот може да биде сој, што е создаден за водење биолошка војна против Кина. Сето тоа покажува дека е крајно време тоа јавно да се соопшти, да се крене узбуна за да се спречи употребата на коорнавирусот против Кина и други земји- рече Мадуро, пренесен од руските медиуми.

Вирусот кон крајот на 2019 година се појави во кинескиот град Вухан, економски и индустриски центар на провинцијата Хубеи, во кој живеат околу 11 милиони жители.

Според најновите податоци, од коронавирусот досега починале 2.924 лица, а 85.200 се заразени ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот