Мадуро: Кина, Русија, Индија и Турција ни помагаат да не зависиме од нафтата – Слободен печат
ВестиПланета

Мадуро: Кина, Русија, Индија и Турција ни помагаат да не зависиме од нафтата

Руските медиуми пренесуваат дека Мадуро кажал дека Венецуела почнала реструктуирање на економијата за да ја укине зависноста од приходите што доаѓаат од продажбата на нафата.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, денеска им изрази благодарност на експертите од четири земји кои помагаат во развојот и реструктирањето на стопанството на оваа латиноамериканска држава.

– Благодарам за целокупната помош што ни ја дава Кина, за советите на стручњаците кои ни помагаат во примената на нашата економска програма. Им благодарам на руските стручњаци, кои оддржуваат дијалог и консултации со нас. Исто така, им се заблагодарувам на стручњаците од Индија и Турција, порача Мадури во говорот што беше пренесуван на „Перископ”, апликација за мобилни телефони за видео стриминг во живо.

Руските медиуми пренесуваат дека Мадуро кажал дека Венецуела почнала реструктуирање на економијата за да ја укине зависноста од приходите што доаѓаат од продажбата на нафата.

– Имавме деформиран економски модел што не доведе во зависна позиција, рече тој.

Мадуро уште и додаде дека Венецуела сега ќе се фокусира на развојот на земјоделието и индустрискиот сектор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close