Мадуро: Ќе разговарам со Трамп, ако ја смени политиката кон Венецуела

николас мадуро

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро денеска изјави дека би се согласил да разговара со Доналд Трамп ако американскиот претседател ја смени политиката кон Венецуела, која ја нарече погрешна.

– Да, се разбира, одговори Мадуро на прашањето дали би прифатил директни разговори со Трамп.

Тој ова го рече во изјава за телевизијата „Русија 24″, а потоа го образложи својот став.

– Доколку американскиот претседател одлучи да ја исправи погрешната политика на поттикнување војна против Венецуела, која во некој момент ја наследи од Барак Обама, би бил подготвен, би можеле да почнеме разговори, дијалог, преговори за да се обидеме да воспоставиме односи базирани на почитување, пред се меѓу владите, наведе Мадуро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот