Мадуро ја продолжи вонредната состојба во Венецуела за уште еден месец

Фото ЕПА

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја продолжи вонредната состојба за уште еден месец поради епидемијата на коронавирусот.

Тој најави дека ублажувањето на одредени мерки ќе почне постепено од денеска.

Системот 7-7 значи дека една недела ќе има карантин, а друга ублажување на мерките. Тој нагласи дека ублажувањето на мерките во одредени делови од земјата ќе биде побавно поради епидемиолошката состојба.

Првиот случај на коронавирусот во Венецуела беше регистриран на 13 март, а истиот ден беше воведена вонредна состојба.

На 17 март Мадуро ги затвори границите на земјата, но и градовите.

До денеска, повеќе од 25.000 луѓе во Венецуела биле заразени со вирусот Ковид-19, а повеќе од 220 починале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот