Мадуро го чека денот кога Гваидо ќе биде уапсен „за сите негови злосторства“

Фото: EPA-EFE/PRENSA MIRAFLORES

Мадуро рече дека Гваидо ќе биде уапсен во денот кога венецуелскиот правосуден систем ќе одлучи дека треба да биде затворен, „за сите злосторства што ги сторил“.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави денеска дека властите не го притвориле лидерот на опозицијата Хуан Гваидо затоа што судовите не издале наредба, но предупреди: „Тоа ќе се случи“.

Мадуро ги изјави овие забелешки на состанок со претставници на меѓународни медиуми три дена откако Гваидо се врати од турнејата низ САД и Европа, пркосејќи и на судската забрана за него да ја напушта земјата.

И покрај наредбите, службените лица на граница го пуштија Гуаидо во земјата, откако пристигна со комерцијален лет на главниот меѓународен аеродром во Венецуела.

Мадуро рече дека Гваидо ќе биде уапсен во денот кога венецуелскиот правосуден систем ќе одлучи дека треба да биде затворен, „за сите злосторства што ги сторил“.

– Тој ден се уште не е пристигнат – додаде тој како одговор на прашањето од репортер на АП. „Но, ќе дојде“.

Лидерот на опозицијата сега по вторпат патуваше надвор од Венецуела и покрај забраната. И во двата случаи му беше дозволено да се врати во земјата.

Гваидо: Кукавичкиот диктатор Мадуро апси членови на моето семејство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот