Мадуро: Фашистот Болсонаро сака „вооружен судир“ меѓу Венецуела и Бразил

Николас Мадуро/ Фото: Фејсбук

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро го обвини бразилскиот колега, екстремниот десничар Жаир Болсонаро дека сака „вооружен судир” помеѓу двете земји.

– Болсонаро подготвува бразилските вооружени сили за вооружен судир со Венецуела, поддржувајќи терористичка група, која нападна една касарна на нашата војска – изјави Мадуро пред странските медиуми во Каракас.

Тој зборуваше за нападот на група дезертери врз касарна во пограничната венецуелска сојузна држава Боливар на 22 декември минатата година, при што загина еден војник. Напаѓачите потоа побараа азил во Бразил.

– Постојат терористички групи кои на бразилска територија подготвуваат воени упади во Венецуела и ние имаме право да се браниме – посочи Мадуро.

Тој го нарече Болсонаро фашист.

Во повеќе региони на Венецуела денеска и утре ќе се одржи воена вежба „Боливарски штит 2020“, пред се во делови на земјата што граничат со Колумбија и Бразил.

Бразил, Колумбија и Перу се помеѓу десетината земји кои бараат Мадуро да се повлече од претседателската функција и кои го признаа опозицискиот лидер Хуан Гваидо, кој се прогласи за претседател на Венецуела во јануари минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот