Мадуро: ЕУ го уценува дијалогот меѓу власта и опозицијата во Венецуела со нови санкции

Николас Мадуро/ Фото: Фејсбук

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро ги смета како „уцена” заканите на ЕУ со нови санкции доколку преговорите меѓу власта и опозицијата во земјата не бидат успешни.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека ЕУ „ќе ги прошири санкциите” против властите во Венецуела доколку преговорите завршат без ниту еден конкретен резултат.

– Федерика Могерини сака да го уценува дијалогот. Сметам дека нејзината изјава е злонамерна и апсурдна – истакна Мадуро, додавајќи дека Венецуела не прифаќа притисоци и уцени.

Американското Министерство за финансии, пак, соопшти дека вовело санкции против четворица офицери на воено-разузнавачката служба на Венецуела по смртта на еден војник кој е уапсен поради наводно учество во обидот за државен удар.

Венецуела долг период минува низ длабока политичка криза поради борбата меѓу Мадуро и опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател на државата и е признат од педесетина земји, меѓу кои и САД.

Земјата е погодена и од сериозна економска криза, која дополнително е влошена поради американските финансиски санкции кои се воведени во обид да се собори Мадуро од власт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот