Мадона во врска со 36 години помладо момче: Парот фатен на тераса како разменува нежности и тоа пред ќерката (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Поп-кралицата Мадона која оваа година го прослави својот 61. роденден, последните неколку месеци честопати е видена во друштво на својот млад танчер дваесетишестгодишниот Ахламалик Вилијамас, кој е само три години повозрасен од нејзината ќерка Лурдес.

Иако за нивната врска досега многу се шпекулираше, се чини дека заедничките фотографии биле направени на терасата на еден луксузен хотел во Мајами, на кои разменуваат нежности и се гушкаат, додека друштво им прват Лурдес и нејзиното ново мистериозно момче.

Фото: Профимедиа

На објавената фотографија Мадона и нејзиното ново момче ја усогласиле бојата на облеката, а неговите раце цело време беа на нејзината половина. Парот со приватен лет пристигна во Мајами, а папараците веднаш ги фатија на аеродромот.

Гласините за новата љубов започнаа во јуни оваа година, откако Мадона на Инстаграм објави видео на кое Ахламалик си игра со неа и се гледа дека се многу блиски.

 

View this post on Instagram

 

You cant hit a moving target………………. ??? ??? #madamextheatre #bam

A post shared by Madonna (@madonna) on

Странските медиуми во октомври пишуваа дека нивната врска станала сериозно, но дека нејзините пријатели се загрижени поради големата разлика во години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот