Мадона во напад и одбрана: Живееме во култура која дозволува да се покаже секоја педа од телото на жената освен брадавицата

мадона
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Мадона го нападна Инстаграм затоа што ги симна нејзините фотографии кои, и покрај провокативните пози кои ги содржат, беа отстранети заради тоа што делумно беше откриена нејзината брадавица.

63-годишната ѕвезда сподели серија интензивни фотографии со налик-на-неа провокативни пози, на кои е на и под креветот, облечена во рассечен градник, танга, мрежести хулахопки и високи потпетици.

Но, социјалната мрежа Инстаграм се реши да ги повлече фотографиите набргу потоа, не заради позите и експонираноста на другите делови од нејзиното тело, туку конкретно, заради делумно разоткривање на – брадавицата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Потегот на интернет конгломератот сепак не ја обесхрабри пејачката, која повторно ги сподели сликите со неколку тактички поставени емотикони, и јавно напиша дека оригиналите биле отстранети „без предупредување или известување“ и дека Инстаграм кажал на раководството дека тоа е затоа што „мал дел“ од брадавицата на ѕвездата била откриена.

„Сè уште ми е зачудувачки што живееме во култура која дозволува да се покаже секоја педа од телото на жената освен брадавицата. Како тоа да е единствениот дел од женската анатомија што може да се сексуализира. Брадавицата што го храни бебето! Зарем машката брадавица не може да се доживее како еротска??!!“, напиша Мадона на повторната објава на фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Според упатствата на заедницата на Инстаграм, голотијата е забранета, но има исклучоци за фотографии од здравствени причини, како што се лузни по мастектомија и жени кои дојат. Дозволена е и голотија на фотографии од слики и скулптури.

„А што е со женскиот задник кој никогаш никаде не е цензуриран. Благодарна сум што успеав да го задржам својот разум низ четири децении цензура…… сексизам…… критика на возраст и мизогинија“, продолжи Мадона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Мадона ја заврши својата објава со хаштагот „#artistsareheretoturbthepeace“, потсетувајќи дека уметноста е наменета токму да ја вознемирува помиреноста и да се обиде да донесе нови и поотворени видици на природата на човекот.

Како и нејзината музика, Мадона е речиси исто толку позната по поместувањето на границите со модата и нејзиниот избор на експлицитни облеки во текот на децениите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mdna 👑 (@efrem.apollo)

Во раните денови од нејзината кариера, таа беше пионер во трендот „долна облека како горна облека“ носејќи корсет со конусни чашки како градник, дизајнирани од Жан Пол Готје.

И во 2016 година, ѕвездата присуствуваше на Мет Гала во облека од Живанши инспирирана од ропството, со кожа, тантела, чизми до бутовите, танга и пасти за брадавици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @madonnaandtheglossies

Во 2020 година, апликацијата за споделување фотографии ги ажурираше своите правила за да дозволи слики на жени кои ги држат, покриваат или обвиткуваат рацете околу градите.

На почетокот на оваа година, страницата на социјалните мрежи се извини за отстранувањето на фотографии од официјалниот филмски постер за „Madres Paralelas“ на Педро Алмодовар, на кој беше прикажана женска брадавица во лактација, за кршење на правилата за голотија.

По враќањето на сликите, се вели дека може да се направат исклучоци „за да се дозволи голотија во одредени околности, што вклучува и кога има јасен уметнички контекст“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mdna 👑 (@efrem.apollo)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот