Мадона со сласт јадеше тортата со сочна пцовка кон Трамп: „Се прејадов“

Фото: Profimedia/Инстаграм/Мадона

Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД налути многу ѕвезди, меѓу кои и Мадона, која сподели  фотографија на социјалните мрежи на која пишува  дека изела торта со натпис „е***е Трамп“.

„Се прејадов“, напиша таа покрај фотографијата од тортата што ја објави на својот Инстаграм, кратко потоа, 66-годишната пејачка повторно на својот Инстаграм, објави како размислува за победата на Трамп.

„Се обидувам да разберам зошто осуден криминалец, силувач… е избран да ја води нашата земја. Затоа што е добар за економијата?“, напиша таа.

Во пресрет на изборите, Мадона ја поддржа американската потпретседателка и демократска кандидатка Камала Харис и на Инстаграм објави дека се враќа дома од Париз за да гласа.

„Париз беше многу забавен! Беше тешко да се напушти, но морав да одам дома за да гласам за Камала Харис“, напиша таа минатиот четврток.

Покрај Мадона, Камала ја поддржаа и Тејлор Свифт, Бијонсе, Џенифер Лопез и Карди Би, која го сподели своето незадоволство од резултатите на американските избори.

Ѕвездите ја напуштаат Америка поради Трамп: „Мислевме дека земјата во која живееме е подобра од тоа…“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот