МАДОНА СЕПАК СЕ ПОЈАВИ ВО ЕВРОВИЗИСКАТА САЛА: Кој е нејзиниот фаворит?

Поп-ѕвездата Мадона, и покрај бројните шпекулации за нејзиното појавување на овогодинешната Евровизија во Тел Авив, сепак дојде во салата „Експо“ и им посака среќа на сите евровизиски претставници. За неа, како што рече, сите се победници.

– Од хотел на проба. Но, не се жалам, ја видов плажата. Прво сакам да кажам дека сите сте победници. А, причината е тоа што сите требаше да сонувате, да се жртвувате и затоа за мене сите сте на врвот. Овде сме собрани од целиот свет. Толку многу земји, а јас сум почестена што со сите овие држави ме спои музиката. Не ја потценувајте моќта на музиката – се обрати Мадона, по што изведе две песни на сцената.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот