Мадона сепак ќе настапи на Евросонг

Profimedia

Поп ѕвездата Мадона со приватен авион слета синиќа на аеродромот во Бен Гурион, носејќи шешир во обид да се спаси од папараците да го сликаат нејзиното лице. Сместена е во хотелот „Дан“, а за неа и нејзината екипа е резервиран целиот петти кат.

Кралицата на поп-музиката и промоторите на концертот „Лајв нејшн Израел“ за израелските медиуми потврдија дека Мадона ќе изведе две песни на финалната вечер на Евровизија во сабота.

Пропалестинското движење бараше од поп-ѕвездата да го откаже својот настап, обвинувајќи ја за „испирање на уметноста“. Како одговор на тоа, Мадона нагласи дека таа се бори за нов пат кон мирот.

„Никогаш нема да престанам да пејам за да се вклопам во нечија политика, ниту ќе престанам да зборувам против кршење на чобвековите права каде било во светото“, рече Мадона во соопштението.

Останува уште пејачката да го потпише договорот за настапот во сабота.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот