Мадона го зголеми задникот – Сакала да изгледа како Ким Кардашијан, па направила катастрофа (ФОТО)

Мадона се врати на музичката сцена со албумот „Madame X“, кој ги подели не само критичарите туку и нејзините тврдокорни фанови, а покрај новите песни пристигна и новата контроверзност.

Во екот на подготовките за турнејата, поп дивата ставила импланти на задникот, што ги шокираше сите оние кои присуствуваа на првите проби од концертот.

Шеесетгодишната пејачка посакала да има задник како Ким Кардашијан, што експлицитно му го нагласила на својот хирург, но се чини дека не поминало се така „совршено“.

„Сите мислевме дека приказните за тоа дека Мадона вградила задник се измислени или дека ставила само некои сунѓери со цел тој дел од телото да изгледа поголем, но изгледа дека таа стварно била на операција“, вели извор близок до музичарката.

„Никој нема сила да и каже дека смешно изгледа со вака преголем и чуден задник“, додаде изворот.

View this post on Instagram

Did Madonna get a Kardashian implant???

A post shared by Naughty Gossip (@thenaughtygossip) on

Од друга страна, нејзините фанови го немаат тој проблем, па Мадона остро ја критикуваа на социјалните мрежи, осудувајќи ја нејзината одлука повторно да менува нешто на себе. Најгласни се оние кои се шегуваат со нејзиниот нов задник, нарекувајќи го лажен и обвинувакќи ја пејачката дека била кај погрешен доктор.

„Ова се најлошите импланти кои сум ги видел во животот. Воопшто не изгледа како задникот кој го има Ким Кардашијан – тој, можеби, убаво би и стоел“, „Невкусно и претерано“, „Одвратна баба“ се само некои од критиките за Мадона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот