Мадона го режира својот биографски филм: Има толку многу нераскажани, инспиративни приказни, а кој може да ги раскаже подобро од мене?

ИНСТАГРАМ

Биографски филм за Мадона во режија на според неа најдобриот режисер: самата таа!

Поп дивата Мадона ќе режира долгометражен биографски филм за сопствениот живот, објави најголемото американско филмско студио Comcast Corp’s Universal Pictures.

Мадона вели дека сака филмот да го пренесе „неверојатното патување на кое ме понесе животот како уметник и музичар – човек кој се обидува да си го најде својот пат во овој свет.“

Таа изјави дека во фокусот на овој филм секогаш ќе биде музиката. „Музиката ме одржуваше, а уметноста ме задржа во живот. Има толку многу нераскажани и инспиративни приказни, а кој подобро би ги раскажал од мене? Од суштинско значење е да го споделам ова ролеркостер искуство од мојот живот со сопствениот глас и визија.“

62-годишната пејачка и актерка ќе соработува со продуцентката Ејми Паскал, поранешната шефица на Sony Pictures чија продукција беше „A League of their Own“, филмот во кој глуми Мадона во 1992 година. А извршни продуценти ќе бидат Сара Замбрено и долгогодишниот менаџер на Мадона.
Мадона претходно ги режираше британската драма „Filth and Wisdom“ во 2008 година и драмата „W.E.“ со Аби Корнинг и Андреа Рисеборо и други.

Датумот на објавување на филмот, како и актерската екипа, сè уште не се познати. Сигурно е дека филмот ќе биде полн со настани и приказни значајни за денешната поп култура.

Не треба да се занемари и фактот дека Мадона досега има продадено повеќе од 335 милиони албуми ширум светот, а исто така е прогласена за соло изведувач со најголема заработка од концертните турнеи. Има освоено дури 225 престижни награди и речиси пет илјади насловни страни во престижни светски списанија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот