Мадона го одбележа месецот на гордоста разменувајќи бакнежи со Токиша

мадона
Мадона и Токиша / Фото: Принтскрин/Твитер

Поп иконата Мадона повторно го привлече вниманието на јавноста со своето однесување, а овој пат како повод го искористи Месецот на гордоста.

Месецот на гордоста се одржува во спомен на нередите во Стоунвол што се случија кон крајот на јуни 1969 година. Во текот на овој месец, низ целиот свет и кај нас се организираат настани за да се слави љубовта, в еднаквоста и видливоста на припадниците на ЛГБТИ заедницата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Мадона во знак на поддршка, концертот во Њујорк го завршила бакнувајќи ја 26-годишната раперка Токиша од Доминиканската Република.

Мадона со Токиша го изведе својот хит од 2005 година „Hung Up“, зачинет со секси кореографија. Во моментите кога 26-годишната раперка клекна пред 63-годишната Мадона, пејачката рекла „Тоа е тешка задача, но некој мора да ја направи“, по што си размениле жешки бакнежи.

Токиша е музичарка која, според „Ролинг Стоун“, е симбол на „сексуалната слобода, квирот и радикалниот феминизам“.

„Јас сум многу остра со моите текстови и сè што сакам да изразам е многу, многу, вистинско. Луѓето се поистоветуваат со сето тоа“, рече Токиша во една прилика.

За да го прослави месецот на гордоста, на Мадона ѝ се придружија на сцената некои суперѕвезди на дрег сцената како Боб Дрег Квин, Пикси Вентура и Вајолет Чачки.

Многумина на социјалните мрежи коментираат дека сцената со Токиша ги потсетила на култниот бакнеж на Мадона со Бритни Спирс од доделувањето на музичките награди „MTV“ во 2003 година. Неодамна тие го рекреираа бакнежот од 2003 годинаие на венчавката на Бритни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот