Мадона бара средба со папата Франциско: Јас сум добар католик, трипати ме одбија!

Фото: Јутјуб/Принтскрин/EPA-EFE/VATICAN MEDIA

Кралицата на поп-музиката Мадона сака да разговара со папата Франциско за „некои важни работи“, па се надева дека тој ќе има волја и време да се сретне со неа.

Пејачката преку твит го праша папата дали би сакал да се сретне со неа, иако нејзината последна исповед била многу одамна.

„Јас сум добар католик. Се колнам! Мислам, не пцујам!“, напишала таа на Твитер.

Мадона, чија 40-годишна кариера е подеднакво позната по хитовите на топ-листите и конфликтите со Католичката црква, признала дека поминале „неколку децении“ од нејзината последна исповед, но сепак, би сакала да се обиде.

„Дали би можеле да се сретнеме еден ден и да разговараме за некои важни работи?“, прашала пејачката.

Иако Мадона јасно не навела за што се работи, таа навестила за што би сакала да зборува.

„Бев екскомуницирана трипати. Не изгледа поштено“, напиша ла Мадона.

Пред неколку години, 63-годишна мајка на шест деца, која била крстена и воспитувана како католик, му рекла на Џејмс Корден, водителот на „The Late Late Show“, Џејмс Корден дека била „еккомуницирана трипати“.

Не е јасно дали поп-кралицата била сериозна. Меѓутоа, во текот на нејзината кариера, Мадона гордо ги искористи контроверзите коишто го поттикнаа нејзиното сфаќање за темите како што се сексот, истополова љубов и христијанската симболика.

Кога дошла во Италија во летото 1990 година како дел од нејзината трета концертна турнеја за да го промовира четвртиот студиски албум „Like a Prayer“, тогашниот папа Јован Павле Втори ги повика христијаните да не одат на концерти нарекувајќи ја нејзината турнеја „еден од најсатанистичките изведби во историјата на човештвото“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna Memes (@youmustlovememes)

Ѕвездата го предизвика гневот на црквата и по нејзиниот настап во Рим во 2006 година, каде што беше „распната“ на сцената како дел од нејзиниот настап.

Ова не е првпат Мадона да изрази желба да се сретне со папата Франциско, бидејќи претходно откри за што би сакала да го слушне неговото мислење доколку седнат да разговараат.

Зборувајќи во интервјуто кај Ендрју Дентон во 2019 година, таа рекла: „Ајде да зборуваме како Исус ги гледа жените. Ајде да разговараме за тоа“.

„Што навистина мислите дека тој мислел за жените? И зарем не мислите дека Исус би се согласил дека жената има право да избере што да прави со своето тело“, прашала Мадона и додала:

„Еден ден би можел да ми се јави. Мислам дека овој би можел… Мислам дека би бил отворен за тој разговор со мене“.

Папата Франциско сè уште не одговорил на поканата на Мадона за средбата.

ВИДЕО | Сензуалниот танц на Мадона ги разбесни фановите: Мадона дали си добро?

Мадона раскина со 35 години помладото момче: Годините не биле проблемот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот