Млади разбојници влегле во куќа во Куманово, ја ограбиле и ги тепале сопствениците

Двајца млади жители на Куманово добија кривична пријава откако на крајот на август влегле во куќа во градот, сопственост на брачна двојка, ја ограбиле и ги нападнале сопствениците, соопшти МВР.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.И.(29) и В.И.(20) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба”. На 30.08.2021 на ул.„Доне Божинов” во Куманово, пријавените влегле во куќа, сопственост на М.З. и У.З., одзеле предмети и физички ги нападнале сопствениците, кои ги затекнале на местото“, се вели во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот