Маџирмаалци пливаат во ѓубре (ГАЛЕРИЈА)

фото: Слободен печат

Маџир Маало, иако има неколку новоизградени згради во близина се уште дава слика на лошо уредена, но и на многу нечиста населба, поради тоа што има купишта ѓубре на секој чекор.

Проблемот не може да се бара во граѓаните бидејќи, и покрај тоа што е урбана населба, близу до строгиот центар на градот, контејнери практично и нема. Иако може да се забележи дека има по некоја канта, очигледно дека тие се далеку од доволно за да го соберат целиот отпад што го фрлаат жителите.

Од ЈП „Комунална хигиена“ велат дека локациите каде што треба да се постават контејнери во градот не ги бираат тие, туку секторот за комунални работи и секторот за урбанизам при Град Скопје.

– Постапката е следна: Куќниот совет, т.е. заедница на станари, а може и општина Центар треба да се обратат до ЈП „Комунална хигиена“ за да се евидентира точниот број на корисници. Тие потоа излегуваат на лице место и утврдуваат локација и број на садови – објаснува Драги Митковски, помошник раководител на Сектор за комунални работи.

Останува да се види дали проблемот лежи кај жителите на Маџир Маало кои не пријавиле недостатокот на контејнери и им одговара ѓубрето да го фрлаат каде ќе стигнат или пак одговорноста ја имаат општина Центар и ЈП „Комунална хигиена“, кои изгледа процениле дека потреба за контејнери на оваа локација нема.

[foogallery id=”32937″]

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот