Мачу Пикчу повторно отворен за туристите: Бројот на посетители ќе биде ограничен и под строги мерки

Instagram
Instagram

Од денес, тврдината Инка во Мачу Пикчу е повторно отворена за туристи, но со ограничен број посетители.

Посетите беа прекинати од крајот на јануари поради пандемијата на коронавирусот.

„Ќе ја отвориме тврдината на 1 март, но 897 лица ќе можат да влегуваат дневно со строги мерки против епидемијата на коронавирус“, велат извори блиски до перуанското Министерство за култура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Machu Pichu (@turismo_machupicchu)


Археолошкиот локалитет беше повторно отворен за посетителите на 2 ноември по осум месеци изолација поради епидемијата на коронавирусот. Сепак, повторно беше затворено на 31 јануари поради зголемениот број на заболени од ковид – 19.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Machu Pichu (@turismo_machupicchu)


Мачу Пикчу, што на кечуански значи „Стара планина“, е изградена за време на владеењето на императорот Пакакутија (1438-1471) и се наоѓа на околу 100 километри од Куско, античката престолнина на империјата Инки во југоисточен Перу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Machu Pichu (@turismo_machupicchu)

Местото е откриено во 1911 година од страна на американскиот истражувач Хирам Бингам, а во 1983 година е ставено на списокот на Светското наследство на ООН на Организацијата за образование, култура и наука (УНЕСКО).

Големиот чилеански писател Пабло Неруда го посети Мачу Пикчу во 1943 година, три години пред да се отвори за туристите. Во 1945 година, тој ја посвети песната „Alturas de Machu Piccu“ (Висините на Мачу Пикчу) на тоа место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот