Мачкајте го колку сакате, зашто ги топи калориите! Одлично „оди“ со месо и зеленчук, а со протеински леб е супер вечера!

pixabay

Доаѓа во бројни варијатни, може да му додадете пиперка, магдонос, црн пипер, свежо нане, црни или зелени маслинки…

Богат вкус, едноставна подготовка и ниска калорична вредност – овие карактеристики му осигураа на хумусот статус на намаз што се обожава низ светот.

Диликатесот, карактеристичен и за Либанците и за Израелците, содржи железо, витамин Б6, манган, бакар, фолна киселина и аминокиселини. Хумусот не содржи холестерол и заитени масти, па затоа со причина се нарекува најздрав намаз во светот.

Доаѓа во бројни варијатни, може да му додадете пиперка, магдонос, црн пипер, свежо нане, црни маслинки…

Може да се послужи како намаз со обичен, или уште подобро со протеински леб, со крекери, како сос за зеленчук, одлично „оди“ со месо подготвено на скара, како и со свеж морков и целер.

Едноставен е за подготовка, еве неколку  рецепти со кој сигурно многу ќе го засакате.

Класичен хумус

Потребно е – Половина чаша таан (паста од сусам), 50 милилитри вода (во која претходно сте ги вареле леблебиите), 200 грама варени леблебии, 3 лажици лимонов сок, 2 чешниња лук, 50 милилитри маслиново масло, 1 лажица сечкан магдонос, половина лажица црн пипер.

Подготовка:

Ставете ги сите намирници во блендер и блендирајте, додавајќи од водата во која се варела леблебијата се додека добиете густа смеса.

Хумус со цвекло

Овој хумус не само што е превкусен туку има и преубава виолетова нијанса.

– 400 гр варено цвекло

– 2 лажици маслиново масло

– 2 лажици сусам

– 2 чешниња лук

– шака свеж магдонос

-2 лажици сок од лимон

Подготовка:

На лажица маслиново масло, малку пропржете го сусамот. Исечкајте го лукот и магдоносот на ситни парченца. Исцедете го лимонот. Потоа, ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека добиете густа смеса. Пред да послужите, ставете го хумусот во фрижидер.

Хумус со спанаќ и путер од кикиритки

Состојки:

-300 гр спанаќ

-400 гр леблебија

-3 лажици путер од кикиритки

– 2 лажици сок од лимон

– 2 лажички маслиново масло

– 0,5 лажичка сол

– 1 чешне лук

Подготовка:

Накратко потопете го спанаќот во врела вода и потоа убаво исцедете го. Ставете ги сите состојки освен спанаќот во висок сад, додадете 80 мл топла вода и мешајте (миксајте) додека не добиете мазно пире. Исцедете ја вишокот вода од спанаќот уште еднаш, а потоа додајте го во пирето. Уште еднаш сите намирници измешајте ги заедно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот