Мачка го украде вниманието од моделите и прошета по модната писта (ВИДЕО)

мачка
Фото: Unsplash / Nirzar Pangarkar

Видеото кое на Јутјуб е прегледано повеќе од 20 милиони пати насмеа многумина. На видеото мачка залутала и станала ѕвезда на една модна ревија во Истанбул.

Мачката случајно се нашла на пистата додека се оддржувал Vakoo Esmod International Fashion Show и го одземала целото внимание.

Во почетокот таа само лежела и ги гледала манекенките кои ја заобиколувале, а потоа одлучила и самата да се прошета на пистата и да покаже како изгледа вистински „catwalk“.

Организаторите не биле сигурни од каде се појавила, но одлучиле да не ја избркаат со оглед на тоа дека го добила вниманието од публиката.

„Сите беа во шок“, рекол за The Dodo модниот дизајнер Џоксен Хаки Али.

Кога го прашале дали мачката ќе има иднина во модната индустрија, тој се насмеал и одговорил дека се е возможно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот