„Macedonia 2025“ го најави осмиот Самит кој ќе се оддржи 13 до 15 ноември

На вчерашниот брифинг со новинарите Извршниот директор на невладината огранизација „Macedonia 2025“, Никица Мојсоска-Блажевски го најави осмиот Самит кој ќе се оддржи од 13 до 15 ноември во Скопје.

– Самитот претставува водечка регионална платформа за споделување на последните светски трендови во бизнисот, економијата, технолошките иновации и етичкото лидерство. Оваа година, очекуваме над 50 истакнати говорници и разновидна публика составена од 400+ менаџери, директори, претприемачи, членови на академијата, успешни млади професионалци, високи функционери и дипломати – рече Мојсоска-Блажевски.

Според директорката, Самитот ќе понуди богата тридневна програма, исполнета со 10+ панел-дискусии и засебни тематски сесии. Главниот фокус ќе биде ставен на темите: иновации и нивното влијание врз намалување на загадувањето на животната средина / воздухот, како и иднината на работните места и вештините. Некои од останатите теми ќе бидат поврзани со глобалните економски и геополитички трендови, можностите за финансирање на малите и средни претпријатија, семејните бизниси, успешните македонски платформски компании и други интересни дебати.

– Тука ќе разговараме и со меѓународни институции, но и со компании. Ќе видиме перспективи на различни земји и организации, но имаме едно големо име кое ќе учествува, а тоа е Алис Штајнглас, основач на фондацијата „Code.org“ која имала разговори со Трудо, Обама, а најверојатно тука кај нас ќе има со Пендаровски – вели Извршната директорка на „Macedonia 2025“.

Меѓу првите потврдени говорници се: Елизабет Наумовски, експерт за финансиска писменост и водител на телевизиското шоу „Finance is Personal”; Том Битов, претседател на PowerBev Inc. и PUR Brands Ontario; Тери Шулц, истакнат новинар во NPR и Deutsche Welle; Питер Табак, заменик-директор и водечки регионален економист во ЕБРД; Ирена Јовева, пратеничка во Европскиот парламент; Јонас Коивисто, истражувач од Универзитетот во Хелсинки; Гоце Андревски, професор и почесен член на Универзитетот Квинс, Онтарио и многу други.

Покрај панел-дискусиите, ќе се организираат Б2Б средби и работилници/сесии ориентирани кон градење стратегии за МСП. Повторно ќе се случува натпреварот за средношколци насловен „Најдобар бизнис концепт“, додека коктелите за вмрежување на Самитот ќе понудат одлична можност за поврзување на сите присутни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот