Маас смета дека Хафтар ќе го почитува примирјето во Либија

Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Вети дека ќе се придржува до примирјето, без оглед што претходно неделава во Москва не го потпиша договорот за прекин на огнот. Тоа е исклучително важно, рече Маас по средбата со Хафтар во Бенгази.

Шефот на германската дипломатија Хајко Маас изјави дека командантот на Либиската национална армија Калифа Хафтар е согласен за примирје во таа североафриканска земја.

– Вети дека ќе се придржува до примирјето, без оглед што претходно неделава во Москва не го потпиша договорот за прекин на огнот. Тоа е исклучително важно, рече Маас по средбата со Хафтар во Бенгази.

Хафтар изразил подготвеност да придонесе за успех на конференцијата за Либија во Берлин и подготвен е да учествува на неа.

Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот