Маас: Развојот на настаните во Иран не е позитивен знак за нуклеарните преговори

Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Германија денеска предупреди дека вчерашните настани околу иранската инсталација за збогатување ураниум во Натанц не се добри навестувања за успешни нуклеарни разговори, што се насочени кон заживување на замрзнатиот договор за ограничување на нуклеарните амбиции на Техеран.

-Тоа што во моментов го слушаме од Техеран не е позитивен придонес, особено развојот во Натанц, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас пред утрешните разговори во Виена.

Еден ден откако Техеран соопшти дека во фабриката во Натанц почнала работата на најсовремените центрифуги за збогатување ураниум, со што се крши нуклеарниот договор од 2015 година, Маас кажа дека фабриката била нападната со прекин на електричната енергија, што било окарактеризирано како „тероризам” и за што е обвинет Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот