Маалски резервоари со гас – иновацијата која ја ветува Мицкоски, Заев одамна ја реализираше во Струмица

Заев го реализираше гасификацискиот проект уште во 2012 година/ Фото: Screenshot/Канал5

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во синоќешното гостување на ТВ21, гордо најави иновативно решение за гасификацијата, односно маалски резервоари, кои посебно градско претпријатие ќе ги полни.

„За гасификацијата имаме иновативно решение со маалски резервоари каде што посебно градско претпријатие ќе ги полни тие маалски резервоари и директно терцијарната мрежа ќе биде до куќите. Имаме иновативно решение кое денеска го спроведуваат Обединетите Арапски Емирати“, кажа Мицкоски на ТВ21.

Сепак, ова иновативно решение кое го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не е најновиот изум на технологијата, особено што веќе десетина години се спроведува во токму во Струмица.

Маалските резервоари во Струмица/ Фото: ЈПЕД-Струмица-Гас-Струмица

Како решение за пренос на енергенсот, ваквиот систем го внесе во употреба во 2012 година тогашниот градоначалник на Струмица, Зоран Заев. Со овој вид на гасификација со мали резервоари во Струмица започнаа да се поврзуваат јавните установи.

Во Струмица сега на гасоводната мрежа се поврзани повеќе од 400 физички и правни лица.

Мицкоски, како што наведе, примерот го пренесува од Обединетите Арапски Емирати, но по се изгледа го имало и кај нас, изграден во една од ретките општини под водството на тогашната опозиција, за време на владеењето на Никола Груевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот