МААЕ: Техеран не успеа да објасни траги од ураниум

EPA-EFE/STR

Техеран не успеа да го објасни потеклото на трагите на преработен ураниум пронајдени на неколку непријавени локации, се вели во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објавен денеска.

Агенцијата на ОН исто така наведува дека не е во можност да пристапи до податоци важни за следење на нуклеарната програма на Иран од крајот на февруари, кога таа држава почна да ги ограничува меѓународните инспекции на своите постројки.

Иран почна со ограничување на инспекциите за да изврши притисок врз администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за укинување на санкциите кои беа повторно воведени откако тогашниот претседател Доналд Трамп еднострано се повлече од нуклеарниот договор на Техеран и светските сили во 2015 година.

Во Виена во моментов се водат разговори за повторно вклучување на САД во нуклеарниот договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот