МААЕ претстави пет принципи за да се спречи нуклеарна несреќа во Украина

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска ги повика Русија и Украина пред Советот за безбедност на ОН да поддржат пет „конкретни принципи“ за да се обезбеди безбедноста на украинската електрана во Запорожје и да се избегне нуклеарна несреќа.

– Имаме среќа што сè уште не се случила нуклеарна несреќа, рече шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, потсетувајќи дека централата окупирана од руската армија била исклучена од електричната мрежа седум пати, така што генераторите се „последна линија на одбрана од нуклеарна несреќа“, бидејќи е неопходно ладење на реакторот.

Гроси со месеци преговара за да обезбеди заштита на локацијата во југоисточна Украина, каде ситуацијата се смета за многу несигурна поради бомбашките напади.

Тој синоќа во Советот за безбедност на ОН ги претстави своите „основни принципи неопходни за спречување нуклеарна несреќа“.

– Прво, не смее да има напад од каков било вид од или против централата, особено насочени кон реакторите, потрошеното гориво или друга инфраструктура или персонал, рече Гроси.

Принципите исто така вклучуваат локацијата да не се користи за складирање на тешко оружје или воен персонал и оти дека објектот не може да се исклучи од електричната мрежа.

Гроси, кој има тим од експерти на лице место во Запорожје, ја посети локацијата на крајот на март и оттогаш предупредува на „многу реална опасност од нуклеарна несреќа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот