МААЕ потврди: Иран мина на повисоко ниво на збогатување на ураниум

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA / POOL

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во денешниот извештај доставен до земјите-членки потврди дека Иран почнал со повисоко ниво на збогатување на ураниум од досегашното, кое беше договорено со светските сили во 2015 година, изјави иранскиот амбасадор во агенцијата на ООН, Казим Гарибабади.

Тој потврди дека од претходниот процес на збогатување на ураниум до 4,1 процент, се минало на збогатување на првите 137,2 килограми ураниум на ниво од 20 проценти, колку што Иран претходно збогатуваше, пред да се постигне договор во 2015 година.

Дека Иран почна со збогатување на ураниум на тоа ниво, претходно соопшти и портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеи, велејќи дека тоа започнало „пред неколку часа” во подземната нуклеарка „Фордо“, пренесе агенцијата ДПА.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска оцени дека враќањето на Иран на збогатување ураниум од 20 проценти има за цел развој на нуклеарно оружје и дека Израел никогаш нема да дозволи Техеран да го произведува. Нетанјаху во соопштение наведе дека иранската одлука за збогатување може да се објасни само како обид за продолжување на спроведувањето на намерата за развој на воената нуклеарна програма.

Нетанјаху додаде дека Израел нема да дозволи Иран да произведува нуклеарно оружје. На 1 јануари, МААЕ соопшти дека била информирана оти Иран планира повторно да збогатува ураниум до 20 проценти во „Фордо“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот