МААЕ откри збогатен ураниум на непријавена локација во Иран

Ураниум: Фото: ЕПА

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека открила збогатен ураниум „на локација што Иран не ја пријавил на Агенцијата”.

Првпат во извештај на МААЕ се истакнува дека наводите на САД и Израел за Иран се точни.

Во доверливиот извештај предаден до земјите-членки локацијата на која е откриен ураниумот не е идентификувана.

Израел и САД тврдат дека местото се наоѓа во предградие на Техеран, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно зборуваше за „тајно атомско засолниште”.

Израелските власти тврдеа дека материјалот од таа локација потекнува од иранската воена програма, која вклучува и изработка на нуклеарно оружје.

Иран негира дека сака да се стекне со нуклеарно оружје и тврди дека нуклеарната програма е наменета за цивилни цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот