МААЕ ја повикува Русија да го ослободи притворениот шеф на украинската нуклеарна централа

Запорожје / Фото Andrey BORODULIN / AFP / Profimedia

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, побара ослободување на директорот на најголемата нуклеарна централа во Украина, кој бил киднапиран од руска воена патрола.

Повикот на Гроси дојде два дена по „притворањето” на Ихор Мурашов.

Мурашов е приведен на патот меѓу електраната во Запорожје и градот Енерходар во Украина. „Беше изваден од автомобилот и со врзани очи одведен во непознат правец”, објави на Фејсбук „Енергоатом”, украинската државна компанија која управува со електраната Запорожје.

Гроси „изрази надеж дека Мурашов брзо и безбедно ќе се врати кај своето семејство и дека ќе продолжи да ги извршува своите важни функции во електраната”, објави МААЕ на Твитер.

Нејасно е зошто е приведен Мурашов. Руските власти се уште не соопштуваат информации за неговото приведување.

Електраната Запорожје и нејзината околина се под контрола на руските сили од март, додека украинскиот персонал продолжи да управува со централата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот