МААЕ: Иран гради подземна нуклеарна централа

epa08686104 Director General of the International Atomic Energy Agency (IAEA) Rafael Mariano Grossi delivers a speech during the IAEA General Conference at the IAEA headquarters of the UN seat in Vienna, Austria, 21 September 2020. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

 Инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопштија дека Иран почнал со изградба на подземна централа за нуклеарна центрифуга, по експлозијата ова лето во друг објект со иста намена, за која Техеран тврдеше дека е саботажа.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, рече дека Иран постојано складира збогатен ураниум, но оти, очигледно, нема доволно за производство на нуклеарно оружје.

По експлозијата на нуклеарната централа Натанц во јули, Техеран најави изградба на нов, побезбеден подземен објект во блиските планини.

Иако на сателитски снимки не може да се видат ниту градилиштето, ниту новиот објект, Гроси тврди дека изградбата е започната, но не е завршена бидејќи тоа е долг процес.

Директорот на МААЕ не сакаше да соопшти други детали, објаснувајќи дека станува збор за „доверлива” информација. 

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот