МААЕ: Гранатирањето на нуклеарката Запорожје ги прекрши речиси сите нуклеарни стандарди

Запорожје/ Фото EPA-EFE/RUSSIAN EMERGENCIES MINISTRY

Гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје ги прекрши речиси сите седум стандарди за нуклеарната безбедност, изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

Експерти на МААЕ веруваат дека гранатирањето не предизвикало непосредна закана за нуклеарната безбедност, врз основа на информации што ги дала Украина, јави Би-би-си.

„Сите воени активности што ја загрозуваат нуклеарната безбедност, мора да бидат запрени“, повтори Гроси.

Најголемата европска нуклеарна централа е под контрола на руските власти од почетоко на март, иако украински техничари и понатаму управуваат со неа, наведува Би-би-си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот