М-НАВ ги демантира обвинувања за можен судир на два авиона

Навигациска контролна кула/Фото: МИА

Од дозволената сепарација од осум километри хоризонтално, двата авиона споменувани вечерва на телевизија Сител и во неколку портали, се доближиле на шест километри што претставува далеку од било каква можност за судир, се истакнува во соопштението на М-НАВ АД Скопје кои најостро ги демантираат обвинувањата дека во мај годинава бил можен судир на два авиона над македонското небо.

-Настанот е уредно пријавен до АЦВ и испитан за што се преземени мерки согласно законските прописи. Ваквите настани се случуваат во авијација и истите се предвидени во безбедносните таргети, појаснуваат од македонската авијација.

Според нив, изјавите од таканаречените свиркачи – експерти, претставуваат еклатантен пример за непознавање на постапките и процедурите во воздухопловството, поради фактот што ниту еден настан неможе да се сокрие заради обврската за негово пријавување од контролорите на летање, но и од пилотите на авиокомпаниите.

Од М-НАВ појаснуваат дека секоја пријава за намалено растојание помеѓу воздухоплови  на минимално пропишаните норми, се класифицира според европските норми и истите се пријавуваат од страна на контролорите на летање на посебни формулари, што е во согласност со позитивната домашна законска регулатива и европска пракса во воздухопловството.

Воздухопловната навигација, информираат од М-НАВ, во последните две години бележи одлични резултати во растот на сообраќај, кој е повеќе од 40 проценти.

-Секоја година имаме надминување на рекордот во делот на број на прелети на ден, што беше случај и претходната саботата, 29 јуни 2019 година, кога повторно го надминавме рекордот и достигнавме 1.042 прелети на ден. Паралелно со ова зголемување на сообраќајот пораснаа и финансиите на Друштвото за повеќе од пет милиони евра во периодот од две години што е резултат на посветеноста и работата на директните чинители во давањето на услугите во водухопловната навигација, Секторот за воздухопловна навигација предводен од новото раководство, истакнуваат од М-НАВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот