Лувр со голема изложба одбележува 500 години од смртта на Да Винчи: Веќе се продадени 220.000 влезници

Парискиот музеј Лувр утре ќе отвори изложба посветена на 500-годишнината од смртта на познатиот сликар Леонардо Да Винчи.

На изложбата ќе има дела на Да Винчи од трезорот на Лувр, но и од колекциите на други институции низ светот, и ќе бидат опфатени околу 160 негови слики.

Меѓу сликите кои ќе се најдат на изложбата се ремек-делата на Да Винчи, десетици студии и научни нацрти, како и слики на други уметници од опкружувањето на Да Винчи.

Посетителите ќе можат да уживаат и во виртуелниот дел од изложбата посветена на приказната за „Мона Лиза“, можеби најпознатото дело на Да Винчи кое се наоѓа во постојана поставка на парискиот музеј.

Изложбата ќе трае до 24 февруари следната година, а Лувр соопшти дека до понеделникот биле продадени 220.000 влезници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот