Лутишоски: „Македонијапомага“обезбедува помош на ранливи категории за да се справат со ситуацијата

Македонска ИТ компанија изработи платаформа „Македонијапомага“ која треба да биде мост меѓу оние на кои најмногу им е потребна помош во сегашните отежнати услови на живеење поради пандемијата предизвикана од корона вирусот и оние кои можат и сакаат да им помогнат.

Околу иницијативата и целта да се изработи една ваква платформа, гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше Армен Лутишоски, за кого целта на оваа платформа е обезбедување на помош на оние кои имаат недостаток од ресурси (човечки и материјални) за да се справат со ситуацијата и да ги извршуваат своите дневни обврски и искористување на потенцијалот на оние кои се во можност да помогнат, со нивно правилно дисперзирање, благодарение на софтверот.

-Секој кој може и сака на кој било начин да им помогне на ранливите категории и на оние кои не се во можност (со достава на производи, лекови, донации, превоз или превозно средство на располагање и слично) може да се регистрира како волонтер на нашата платформа. Од друга страна, сите оние на кои им е потребна било каква помош, истата може да ја побараат преку платформата и ќе имаат преглед на сите регистрирани волонтери, нивната локација и она што може да им го понудат, рече Лутишоски.

Тој вели дека за разлика од многу земји во Швајцарија нема полициски час, туку едноставно граѓаните не се движат многу, а доколку тоа го прават се држат на дистанца.

-Во првите две недели имаше неизвесност. Имавме проекти кои се пткажаа. Но сега луѓето се навикнаа и ја сфатија неопходноста од онлајн фунционирањето. Инаку, швајцарските власти спроведоа економски мерки во висина од 60.000.000.000 швајцарски франци, додава Лутишовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот