„Лутиот“ Нојер пред сензационален трансфер!? (ФОТО)

twitter.com/ThatArabKeeper

Според „Франс фудбал“, Нојер е незадоволен во Баерн откако баварскиот гигант ги обезбеди услугите на Александер Нубел (23) кој дојде од Шалке 04.

Планот на Баерн беше 33-годишниот Нојер да биде прв голман, а на својот наследник да му препушти 15 натпревари во текот на натпреварувачката сезона.

„Билд“ пишува дека Нојер таквиот предлог го одбил и одговори дека никому нема да препушти ниту еден меч и сака да ги одигра сите средби идната сезона, вклучувајќи ги и пријателските.

„Франс фудбал“ открива дека лутиот Нојер се наоѓа пред сензационален трансфер. Истиот извор вели дека голманот е незадоволен што баварскиот гигант во изминатиот период ги обезбеди услугите на Александер Нубел (23) кој дојде од Шалке 04.

Се шпекулира дека би можел кариерата да ја продолжи во редовите на италијанскиот фудбалски шампион Јувентус.

Има договор со германскиот шампион уште една и пол година, па „Старата дама“ наредното лето не мора да плати голема отштета за неговите услуги. Во Јуве, пак, се незадоволни од голманот Војциех Шчесни и се во потрага за подобар избор на голот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот