Лупевска: Јанева сакаше да ме избрка од канцеларија зошто ја критикував

Фото: Фејсбук

Жал ми е што многумина не препознаа дека Катица Јанева не е воопшто каква што се претставуваше пред јавноста, вели новинарката Снежана Лупевска Созен на својот Фејсбук профил.

„За карактерот на Катица Јанева: Никогаш не добив желба да се сликам со неа, а единствената средба со неа беше и последна. Завршивме со кавга по што реков дека волку непрофесионален и дрзок обвинител не сум видела во мојата 25-годишна новинарска кариера. Буквално стана да ме избрка од својата канцеларија затоа што ја критикував. Ова првпат го кажувам јавно, а настанот има и сведоци. Затоа не ме чуди воопшто нејзината наредба за претрес и револтот што го предизвикала кај вработените. Жената не е воопшто каква што пред јавноста се претставуваше и жал ми е што многумина тоа не го препознаа особено меѓу моите колеги“, напиша Лупевска на „Фејсбук“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот